Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица – Гази Баба: Итно решавање на недостатокот на образовен персонал во градинките

Денес, по барање на советничката група на Левица на седница на Советот, се постави точка на дневен ред за расправа за недостаток од образовен персонал во градинките во општината.

Имено, при таа расправа се востанови дека Советот од претходниот состав дозволил да се изгласаат лоши годишни планови за вработување во самите градинки. Односно, наместо директорите на градинките да достават План за вработување по основ на идни пензионирања на образовен персонал, тие доставиле план за вработување на технички персонал, кој во тој момент не бил неопходен.

Општинската администрација во наредните неколку денови ќе поднесе барање до директорите на истите градинки да достават Извештај за потреба на образовен персонал.

По основ на тој извештај, Левица ќе побара директорите на градинките да подготват итна промена на Годишниот план за вработувања и истиот да биде поднесен и изгласан од Советот на општината, испратен до Министерство за труд и социјална политика и истиот итно спроведен.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГАЗИ БАБА
15 март, 2022

Најнови објави