Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Од популизмот на градоначалникот ќар има само власта во Штип – Жителите само го плаќаат цехот

    На вчерашната 9-та по ред Седница на Општина Штип, советничката од Левица, Сенада Ибраимова, постави советничко прашање до градоначалникот во врска со реконструкцијата на раскрсницата во населба Сењак. Имено, оваа раскрсница која се наоѓа помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крагер“, е една од најфреквентните во градот, а веќе повеќе од месец и половина се вршат активности за реконструкција, кои требаше да завршат многу одамна.

    Меѓу другото, советничката реагираше и до координаторот на советничката група на власта, кој претходно ја обвини за популизам. Таа потенцираше дека, токму сликањето пред камери од страна на функционери од власта за вакви и слични најави за реконструкции на улици и слично е гол популизам, бидејќи резултатите покажуваат дека се’ се сведува на по еден прилог на телевизија и објава на интернет, додека голем дел од жителите кои сообраќаат на ваквите раскопани улици, веќе месец и половина секојдневно ги кршат своите возила.

    Во нормална држава, ваква реконструкција се завршува за најмногу две недели, а нашата општинска власт воопшто не ја интересира што се случува со почнатите проекти, откако ќе се пофалат во јавност дека нешто работат.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ШТИП
    15 март, 2022

    Најнови објави