Средба на македонските и ирските левичари во Брисел

308506841_667338818082519_2763304840435252130_n

Во Брисел остварена е средба со пријателите и соработници на Левица, независните европарламентарци од Република Ирска, Клер Дејли и Мик Волас.

На средбата, делегацијата на Левица на европарламентарците им подари монети изработени по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Македонските и ирските левичари имаат сродни идеи и светоглед, поради искуствата кои нашите пријателски народи ги имаат доживеано од страна на империјалистичката хегемонија.

Како борци за праведен свет, Дејли и Волас заедно со Левица ќе продолжат да ги градат врските помеѓу нашите народи, почитувајќи ги правата на нациите за самоопределување, како и создавајќи услови за работничка меѓународна солидарност.

На средбата се разговараше за пристапувањето на Република Македонија во ЕУ, во контекст на неправедниот “француски предлог” кој ги поткрепува бугарските шовинистички барања, и опасноста од рехабилитација на фашизмот.

Во услови на реставрација на ретроградни сили, за успехот на напредните идеи мораме заеднички да се бориме.

Дополнително, во Брисел се остварени средби и со La France Insoumise од Франција, Die Linke од Германија, Комунистичката Партија на Ирска.

Делегацијата од Левица, составена од Амар Мециновиќ и Живанка Морис беше дел и од одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на антифашистот Манолис Глезос, во организација на СИРИЗА.



ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
29.09.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ