Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Пиар Градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата намера да воведе зонско паркирање во повеќето населби во Општина Аеродром

Почитувани аеродромци,

Алармираме за планот на пиар Градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата намера да воведе зонско паркирање во повеќето населби во Општина Аеродром.
Во наративот кој го ”продава”, се обидува да наметне мислење дека зонското паркирање е на барање и во интерес на граѓаните, но во реалноста тоа е само удар врз сиромашните и воведување на уште еден АРАЧ, како дополнителен товар врз така “тенкиот” семеен буџет.

Низ годините, аеродромци во околината на Бисер и Капитол веќе имаат зонско паркирање, но тоа не го решава реалниот проблем за дополнителни паркинг места.

Нудиме решенија во поддршка за изградба на монтажни паркиралишта и катни гаражи, со обезбедување на паркиралишта, наплатата за истите ќе стане безпредметна.
Ние, од Левица, како идеолошка и класна партија, сме против узурпацијата и комерцијализацијата на јавниот простор и ќе се залагаме за бесплатно паркинг место за сите!

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
16 март, 2022

Најнови објави