Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Левица – Битола: По барање на советничката група на Левица, кое го доставивме до локалната самоуправа, денес сме сведоци на расчистување на депониите кај Кркардаш

„По барање на советничката група на Левица, кое го доставивме до локалната самоуправа, денес сме сведоци на расчистување на депониите кај Кркардаш.

Ова е само почеток на расчистувањето на диви депонии во Општина Битола и по оваа ќе следат и ред други кои ќе бидат иницирани од нас како советничка група. Заедно со локалната самоуправа денес го комплетираме расчистувањето на оваа дива депонија која е една лоша слика за градот и со неа се загрозува животната средина.

За нас како советничка група депониите се едни од приоритетните проблеми во општината. Ова не е финално решение за баирчани но сме чекор поблиску до комплетно решавање на проблемот со дивите депонии во ова населено место.

Сметаме дека со реализирање на проектот „РЕКРЕАТИВНА ЗОНА КРКАРДАШ“ кој е предлог проект од советничката група на ЛЕВИЦА Битола, и е дел од програмата за локален економски развој на Општина Битола ќе се финализира проблемот со дивите депонии и на ова место ќе никне една прекрасна зона каде граѓаните ќе се рекреираат, спортуваат и дружат.

Целта на овој проект е да се уреди и заживее ридот над Кркардаш, и истиот да се заштити од постанување складиште на диви депонии. Во проектот се предвидени:

-Поставување на рампи на влезовите на пешачката зона, со цел спречување на
одлагање секаков отпад и правење диви депонии
-Простор за велосипедска патека
-Поставување на улично осветлување на патеката
-Поставување на канти за отпадоци
-Реконструкција на каналот за атмосферски води.

Очекуваме локалната самоуправа да го реализира проектот со ист интензитет како расчистувањето на оваа депонија затоа што, Кркардаш беше дел од белодробното крило на Битола кое за жал пред 15 години го изгубивме во големите пожари, и се надеваме дека Кркардаш повторно ќе блеска како во своите добри денови, повторно ќе биде збогатен со дрвја и шуми.“

Најава за целосна проект иницијатива на советниците од Левица во Совет на Општина Битола

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
16 март, 2022

Најнови објави