Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Левица – Кавадарци: Регулирање на привремените вработувања и пренамена на 25 милиони денари

Од самиот почеток на мандатот на членот на Советот на Општина Кавадарци од Левица постои тенденција за регулирање на статусот на околу 100 привремени вработувања во Локалната Самоуправа, институциите и јавните претпријатија во градот.

Привремените вработувања само ги полнат џебовите на сопствениците на приватните агенции, на сметка на трудот на работниците во технички персонал кои се во подредена положба споредбено со административниот (претежно партиски вработен) кадар во институциите кој има регулиран работен однос на определено или неопределено време!

Со процентот кој го зема агенцијата наместо да профитираат сопствениците на агенциите, Општина Кавадарци може да вработи уште неколку соработници со регулиран работен однос кои ќе го надоместат недостатокот од високостручен кадар во некои од одделите на Локалната Самоуправа.

Единствената цел на постоењето на овие агенции е полнењето на џебовите на сопствениците на агенциите блиски до власта поради што и нема расположение за системско решение од централната власт.

Членот на Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски даде апел да продолжи со работа поддрачната единица на Министерство за финансии и Буџетската канцеларија чиј единствен вработен беше пензиониран вчера.

Советникот стави акцент и на фактот што станува збор за прашање на расположение, затоа што централната власт, односно пратеникот Панчо Минов демонстрираше дека е можен опстанокот на овие канцеларии преку вработување на својот син во Буџетската канцеларија во Одделот за финансии на Собранието на Република Македонија.

 

Најнови објави