Економските санкции кон Руската Федерација директно ќе го погодат и туристичкиот сектор во Република Македонија

Moskva_Skopje_Nordwind

После тешката 2020 година за туристичкиот сектор, како резултат на ковид пандемијата, во минатата година 2021 почна постепено да заздравува секторот, а при тоа и да се зголемува бројот на дојдовните туристи во Македонија.

Минатата година, АТОРУС, Асоцијацијата на руски туроператори, објави дека руските туристи ќе го преплавуваат Балканот преку Македонија, затоа што летовите се со директна линија, се патува без визи и авионите може да полетуваат со 95 отсто оптовареност. После цели 20 години, на 21.05.2021 година беше обновен воздушниот сообраќај помеѓу Македонија и Русија, со летови на рускиот авиопревозник Нордвинд.

Во насока на зголемување на дојдовниот туризам од Русија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и Македонско-руската стопанска комора потпишаа Меморандум за соработка (22.09.2021 година). Со него се предвидуваше во иднина да се интензивира соработката на полето на размена на информации за туризмот, трговијата, туристичката индустрија, услугите и научно-образовните знаења.

По најавата за два нови директни летови на руската авионска компанија „Нордвинд“ со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, се отвори можност за развој на туризмот и зголемен број руски туристи во земјава. Со директното поврзување бројот на туристи во првите седум месеци во 2021 година порасна за 299 отсто во споредба со истиот период во 2020 година, додека бројот на ноќевања за истиот период е повисок за 262 отсто.

Бројот на руските туристи и оваа година се очекуваше да расте, како во Охрид за претстојните Велигденските празници, така и во текот на целата летна сезона. Поради лошите владини политики и воведувањето на економските санкции кон Руската федерација, се запре со директниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји, а со тоа и доаѓањето на туристи од Русија.

Левица како што и претходно објави, наметнувањето на санкциите кон Русија само ќе ја влошат состојбата во нашата економија, која и така е во лоша состојба и уште не може да се оправи од ковид пандемијата, и во овој случај од санкциите директна штета ќе има домашниот туристички сектор.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ТУРИЗАМ
22 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ