(Видео) Левица Аеродром: Жителите од Стар Аеродром се против зонско паркирање

aerodrom_maslarkoski

Денес, со почеток од 11:00 часот, во “паркчето” на ул. ,,Методија Шаторов Шарло”, граѓаните имаа отворена средба со советниците на Левица во Општина Аеродром.

На средбата, во непосреден контакт со граѓаните, се слушнаа проблемите на жителите на овој дел од населбата. Оваа населба е најголема жртва на урбанистичата мафија со огромен број на проблеми, за кои општинските служби се должни да се изнајдат решенија и одговори.

Незаинтересираноста на општинските служби и Градоначалниците е засрамувачка, бидејќи голем дел од искажаните проблеми адресирани се до Општината неколку пати, а одговори не се добиени. Еден од најгорливите проблеми е недостигот на паркинг места. Иако е најавено дека зонското паркирање ќе се воведе на барање на граѓаните, од средбите со истите тие граѓани заклучокот е дека тоа не е вистина.

Граѓаните не само што не барале зонско паркирање, туку и реагираат против неговото воведување. Тие сметаат дека постоечките паркинг места се недоволни и воведувањето на зонското паркирање нема да го промени тој факт.

Решението го гледаат во поставување на монтажни паркинзи на кат, секаде каде што тоа е возможно.

Освен паркинг просторот, граѓаните посочија дека голем проблем е лоциран во сообраќајните решенија, хигиената, оддржувањето на зеленилото, проблеми со узурпација на заедничкиот простор, како и жители кои живеат во кал (како во 19-ти век) и немаат одговор повеќе од една година на нивното барање.

Сите тие нивни проблеми ние ГЛАСНО ќе ги пренесеме до Општина Аеродром и Градоначалникот Тимчо Муцунски и ќе се бориме за што поскоро нивно решавање. Ние од Левица, сметаме дека советниците треба да се редовно помеѓу народот и да бидат нивниот глас, да ги пренесуваат проблемите и да изнаоѓаат решенија за истите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
22 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ