Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Борислав Крмов: Нема поголема автократија од тоа што ЕУ стои позади негирањето од Грција и Бугарија

„Во оваа ситуација, македонскиот народ е негиран. Ако веќе е човеково право да влезат Бугарите во македонскиот устав, тоа значи да влезат и Македонците во бугарскиот Устав, да добијат специјални права во Пиринска Македонија итн.

Жозеф Борел кажа: прво билатералните прашања да ги решите, после сè другo. Цело време гостинот спроти мене спомнува автократија и демократија. Има ли поголема автократија од ова сега што ни се случува?

Цивилизациско исфрлување на руска литература, руска музика, додека тука целата ЕУ бирократија стои и позади Грција и позади Бугарија во нивното негирање на еден мал и мирољубив народ, каков што е македонскиот.”

– Дел од гостувањето на пратеникот Борислав Крмов во емисијата „Само Вистина.”

Најнови објави