Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Видео) Левица – Велес: ЈКП Дервен со приватна агенција за вработување склучиле договор во вредност од над 9 милиони денари

    „Почитувани сограѓани,

    Јавното комунално претпријатие Дервен, иако работи со финансиска загуба според последниот доставен финансиски извештај, сепак може да обезбеди над 9 милиони денари за услуги од приватна агенција за вработување.

    Имено на ден 15.03.2022 склучен е договор од страна на ЈКП ДЕРВЕН со приватната агенција за вработување Контакт Бизнис во вредност од 9 милиони 322 илјади денари.

    Сметаме дека овој начин на времени вработувања е целосно нетранспарентен бидејќи, за разлика од редовното вработување кое вклучува јавен оглас и обврска да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди, тука е доволно да се ангажира приватна агенција на која само ќе и се исплати висок надомест, а ќе овозможи скратена постапка и нејзина евентуална манипулација и злоупотреба.

    Приватните агенции за вработување ,согласно законски овозможениот механизам се многу често користен инструмент, кој овозможува клиентелизам и непотизам од страна на политичките партии кои моментално раководат со тие институции, и им дозволува остварување на јавната тајна за предизборно дадените ветувања на своите партиски членови и активисти.

    Средствата исплатени кон Агенциите во вид на провизии од милионски суми се целосно нерационално и непотребно трошење, посебно при постоење на Државна агенција за вработување чија основна дејност е посредување при вработување, а при тоа не наплаќа провизија за истото и сметаме дека треба да биде целосно поддржана посебно од Јавните Претпријатија.

    Ние како советници од политичка партија, која главно се раководи според интересите на работничката класа, сметаме дека сите вработувања треба да бидат согласно стручност, компетентност и според транспарентна селекција на јавни конкурси, достапни еднакво на сите, според уставното загарантирано право, а средствата предвидени за времени вработувања да се пренаменат во проекти кои се во интерес на граѓаните.“

    – Маргица Урумова, член на Совет на Општина Велес од редовите на Левица

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
    25 март, 2022

    Најнови објави