Левица – Карпош: На советниците на Левица не им беше дозволено поднесување анкетни листови – ќе гласаат против ДУП кој не ги содржи забелешките на жителите

0
368

Вчера беше крајниот рок за поднесување анкетни листови во однос на предложените Детални урбанистички планови за Влае 2 (СЗ19) и за Жданец и дел од Козле (Ј03.04). Последните неколку денови беа проследени со скандалозност и попречување на процесот на поднесување забелешки од страна на жителите.

„Пред вратата на месната заедница седат на клупите двајца мажи кои се претставија дека се вработени во Општината, кои на луѓето што сакаат да поднесат им укажуваат дека не можат да дадат анкетен лист ако не се жители на Влае 2.“ изјави Славко Митевски, советник во Општината, на кого како советник му беше оневозможено да поднесе анкетен лист со забелешки само поради тоа што не живее во Влае 2.

Жителите на Општина Карпош беа оневозможени да поднесуваат забелешки и преку веб-страницата e-urbanizam.mk.

„Опцијата за поднесување на забелешки по предложени детални урбанистички планови е недостапна. Преку веб-страницата e-urbanizam.mk која е во сопственост на Министерство за транспорт и врски оваа опција “магично“ исчезна и тоа во пресрет на последниот ден за поднесување на забелешки за два детални урбанистички планови за Општина Карпош.“ напиша Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.

Одењето насилнички против волјата на жителите на Општина Карпош и поставување најразлични бариери за искажување на нивното мислење е крајно недемократски чин и со самото тоа се фрла сомнеж дека со овие ДУП-ови на прво место се ставаат интересите на урбанистичката мафија. Оттука, Левица Карпош ја известува јавноста дека нема да гласа за Детални урбанистички планови во кои нема да бидат вклучени забелешките на жителите. Дополнително ги повикуваме и останатите советници јавно да се изјаснат околу ставот за предложениот Детален урбанистички план.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
26 март, 2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде