Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Позитивниот ефект на Левица врз законодавниот дом

    Поради предложените измени на закони на Левица и актуeлизирање на проблемите од општествениот живот, сега имаме:

    1. минимална плата од 18 000 денари, како директна заслуга на пратениците на Левица кои први го поднесоа законот за нејзино покачување и создадоа притисок врз власта;
    2. намалување на цените за хоспитализираните лица болни од ковид во приватните здравствени установи.

    Доколку предложените закони на Левица не беа отфрлени од владејачките СДСМ и ДУИ, економијата ќе добиеше долгорочен позитивен стимул и сега ќе имавме:

    -Поголема работна сигурност преку намалување на горната граница за договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци;
    – Исплата на плати до 5-ти во месецот, наместо до 15-ти;
    – Апанажа за работниците кои останале без работа;
    – Повисок надоместок за студентски оброк;
    -Подобри услови за работа на земјоделците преку гарантирање на правото за исплата на продадените земјоделски производи;
    – Максимален рок за исплата на средства на земјоделците намален на 30 дена
    – Пониска функционерска апанажа која сега е екстремно висока;
    – Патни трошоци за пратениците кои ќе беа изедначени со висината на автобуската карта;
    – Помала злоупотреба на носењето на закони со европско знаменце;
    – Модел на една изборна единица кој ќе овозможи демократизација на општеството и вреднување на гласовите на граѓаните кои ќе добијат соодветни претставници во Собранието.

    Пратениците на Левица ќе поднесат и нов Закон за стечајци, со кој ќе бидат материјално обезбедени најмалку 2000 стечајци.

    Во овој момент, од највисоко значење е сопирањето на последиците од тековната економска и енергетска криза, кои најсилно се чувствуваат кај сиромашните и тоа не е неочекувано, туку последица на економскиот модел кој сега го имаме. Сега, државата кризите ги надминува на грбот на работничката класа која ја оданочува во иста, а жртвува во обратна пропорција во однос на високата класа. Во меѓувреме, бизнис секторот кој по обичај е на инфузии од државна помош кога и да флуктуира, ќе се обиде во текот на кризите да ги доприватизира добрата и услугите со благослов на власта, како што видовме со обидот за приватизација на брзата помош.

    Левица со блокирањето на приватизацијата на брзата помош, во јавноста испрати сигнал за синергија на интересите на нашето политичко јадро со интересите на граѓаните. Со Законот за минималните цени на приватните болници, за кој Левица прва изнајде уставен начин за намалување на цените во приватните болници на рамниште на државните клиники, мнозинството го препиша на свое конто.Како и во случајот со зголемувањето на минималната плата, пратениците од Левица се покажаа како иницијатори на целиот процес за намалување на патарините, бидејќи по поднесувањето на овој предлог, од Владата и министерот Бочварски известија дека е потребно да се преземат чекори во тој правец.

    Според платформските начела и залагања на Левица, во законодавен контекст, стремиме кон задоволување на социјалната правда и еднаквост. Во законодавниот дом тлее волјата и интересите на олигархијата, кои по обичај ги исполнуваат бизнис-партиите. Затоа, природно е тоа што откако Левица е политички фактор, за прв пат да постои тенденција за институционализација на народната волја.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА 
    28 март, 2022

    Најнови објави