Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Власта да не го одложува намалувањето на патарините

    Единствено пратениците од Левица во македонското Собрание побараа намалување на патарините, преку поднесување на предлогот на закон кој предвидува намалување на патарините за 50%. Дополнително, овој предлог на закон предвидува висината на патарините и уредувањето на начинот на наплата на истата да мора да ги помине собраниските филтри, со што граѓаните посредно преку пратениците како нивни претставници ќе може да ја уредуваат оваа област.

    Македонските граѓани плаќаат значително високи суми за користење на јавните патишта и бројот на наплатни станици постојано се зголемува, а од друга страна квалитетот на јавните патишта е на сериозно незавидно ниво.

    Компаративно гледано, во побогати држави и земји кои се полноправни членки на Еврпоската Унија, се плаќаат пониски износи за користењето на јавните патишта. На пример, во Словенија – се плаќа 110 евра годишно, Словачка – 50 евра годишно, Швајцарија – 40 евра годишно, Бугарија – 50 евра годишно, Австрија 93 евра годишно, Чешка – 60 евра годишно.

    Лице кое секојдневно патува од Велес накај Скопје поради работни обврски, по сегашните износи на патарините, за седум дена ќе плати фамозни 28 евра!

    За споредба, тоа е четири пати повисока сума, во споредба со Словачка и Австрија, три пати повисока сума во споредба со Чешка, 3.5 пати повисока сума во споредба со Бугарија и скоро двојно повисока сума во споредба со Словенија.

    Наведените суми само дополнително ја докажуваат потребата од намалување на износот на патарините. Недозволиво е македонските граѓани да плаќаат повисоки суми од претходно наведените држави, кога просечната нето плата е неколкукратно пониска споредбено со истите тие држави.

    Ги повикуваме останатите пратеници во Собранието, особено пратениците од владејачкото мнозинство, да го поддржат овој предлог на закон кој е во интереси на сите граѓани.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА 
    29 март, 2022

    Најнови објави