Левица Илинден: Рекордни 20 илјади и 637 евра ЈКП Илинден потрошило за репрезентативни трошоци

Ilinden

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Јавното комунално претпријатие ЈКП Илинден за три години потрошило рекордни 20 илјади и 637 евра за репрезентативни трошоци.

Јавноста прашува како е возможно во услови кога голем дел од граѓаните мака мачат како да го истераат месецот со ниски плати и пензии, јавното комунално претпријатие вака да се расфрла со народни пари.

Левица Илинден ги повикува локалните власти веднаш да интервенираат кај нивните комунални претпријатија со цел намалување на репрезентативните трошоци на ниво што би отсликувало домаќинско и економско работење на институциите.

Според Левица Илинден ваквите трошоци можат да се намалат десетструко, па наместо да се трошат по 573 евра месечно, институцијата не би требало да потроши повеќе од 57 евра месечно.

Ако секој од нас може да плати од свој џеб кога оди на ручек во кафеана, тоа сигурно важи и за локалните институции. Нема ништо страшно и тие да се фатат за својот џеб, а вишокот собрани народни пари да се одрази во намалување на сметките за смет што локалното претпријатие ги наплаќа од граѓаните!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ИЛИНДЕН
31 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ