Левица – Аеродром: Народна кујна и субвенции за енергетски ефикасни фасади, кровови, прозорци, лифтови во Аеродром

Levica_LO_Aerodrom

На вчерашната деветта седница на советот на Општина Аеродром од поднесените три точки беа прифатени и усвоени две точки на Левица. Едната точка е иницијатива за отворање на народна кујна и втората точка иницијатива за субвенционирање на енергестки ефикасни фасади, кровови, прозорци и лифтови.

Третата точка за бришење на маркица за изградба на паркинг во зеленилото кај воените кули во Стар Аеродром, се поклопи содржински со дополнителна точка од Градоначалникот која џентлменски беше повлечена, бидејќи целта не ни е да се фалиме со нашиот допринос, туку да се реализираат програми и решенија во интерес на граѓаните.

Со 27 гласа ЗА, едногласно сите советници ги поддржаа иницијативите на Левица. Потребата за помош на најранливите категории на граѓани останува приоритет на советничката група на Левица Аеродром. Низ конкретни проекти и иницијативи мора да се тргне фокусот од профитот и да се насочи кон граѓаните.

На точката советнички прашања поставивме 27 прашања, каде меѓу најгорливите и приоритетни беа прашањата за прокиснатите гаражи позади ТЦ БИСЕР, за изградба на паркиралишта, за решението на бездомните кучиња, за управувањето на МЗТ Скопје, за узурпирањето на јавните површини и други кои можете да ги видите на линкот од седницата. Многу од прашањата доаѓаат директно од граѓаните, од остварените средби на советниците на Левица кои продолжуваат секоја седмица на различни локации во нашата општина. Очекуваме одговори на прашањата од Градоначалникот Тимчо Муцунски и општинската администрација, сѐ со цел изнаоѓање решенија за проблемите и остварување на очекувањата на жителите.

Ние од Левица Аеродром остануваме блиску до народот и го претставуваме неговиот глас и интерес во Општина Аеродром и во цела Македонија.

Zalozhbi levica

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
31 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ