Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица – Росоман: Дали Општина Росоман чека да се доградат дивоградбите па да покрене постапка за стопирање на изградбата?

    Членот на Советот од редовите на Левица, поднесе барање на 14.12.2021 за стопирање на изградба на дивоградба по добиено известување дека општината нема издадено дозвола за градба на конкретна парцела каде има тешка градежна механизација.

    Локалната самоуправа постапува по барањето на 24.03.2022 година или 3 месеци после иницијалното барање од членот на советот од редовите на политичка партија Левица, Влатко Трајков.

    Зошто Општина Росоман чекаше 3 месеци за да постапи по барањето?

    Дали Општина Росоман организирано даде простор на градежната компанија да врши незаконска дејност?

    Се надеваме дека службите ќе постапат во интерес на граѓаните за прв пат и ќе ги елиминираат сомнежите за соучество во нелегални активности во Општина Росоман!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО РОСОМАН
    28 март, 2022

    Најнови објави