(Видео) Крмов: Левица поднесе предлог-закон за обесштетување на стечајците

Борислав Крмов - Закон за обештетување на стечајците_Borislav Krmov - Zakon za obeshtetuvanje na stechajcite

Денес, пратеникот на Левица, Борислав Крмов одржа прес-конференција во Собранието на Република Македонија, каде го презентира новиот предлог – закон за материјално обезбедување на стечајците. Предлог законот на Левица ги содржи следните промени од претходното законско решение:

Стажот од 14 години го намалуваме на 10 години, затоа што многу од стечајците работеле без пријавен стаж и така имаме природна потреба за намалување на границата;

Месечното обештетување да се крене од 34 отсто од просечната плата на 40 отсто од просечната плата – 12 000 денари;,

Возраста за исполнување на условите за материјално обезбедување се определува на граница од 52 години за жена и 55 години за маж;

Наместо неколку месеци рок за пријавување по објавувањето на законот, периодот се зголемува на една година;

На 22-ри март 2022 година, стечајните работници од ЧИК Куманово доставија барање до сите парламентарни партии за ново законско решение, бидејќи минатиот закон не се однесува на сите стечајни работници, и затоа неколку илјади луѓе се оставени вон законската рамка.

Сите досегашни законски решенија вешто се дизајнирани да не ги опфатат сите стечајни работници и да се сопре нивната долгогодишна голгота.

Како и во случајот со барањето за минималната плата на ССМ, сите парламентарни партии, освен Левица се неми на овие барања на граѓаните, со посебен акцент на недостаток на реакција од владејачката СДСМ – која преку приватизацијата на јавните претпријатија ги создаде стечајците. Тогаш 250 000 работници ги изгубија своите работни места, со што се создаде македонската олигархија.

Овој предлог-закон ги опфаќа лицата коишто изгубиле работа по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок кои оствариле право на паричен надоместок од 1-ви јануари 1993 година, кои се невработени и се со стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата.

Стечајните работници се на возраст која не им овозможува да влезат лесно во нов работен однос и со тоа не можат да обезбедат егзистенцијална сигурност. Во тековните услови на економска и енергетска криза, неопходно е да се донесе продуктивно и конечно решение за овие граѓани.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
4 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ