Министерството за труд и социјална политика врши институционален притисок – ЛЕВИЦА ќе нуди правна помош!

левицА1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Просветните работници кои се охрабрија и организираа за да ги остварат своите права, се соочуваат со притисоци и закани доколку изразат револт поради малите плати кои не се усогласени со закон.

Синдикатите најавуваат штрајк кој ќе почне од утре и ќе трае додека не се исполнат барањата на работниците. Со овој штрајк се опфатени просветните работници и вработените во градинките. Поради реакциите на загрижените родители за почеток на наставата и згрижувањето на децата во градинките, Министерство за труд излезе со реакција дека и покрај штрајкот, децата ќе бидат згрижени.

Со ваквите неоправдани реакции на МТСП и министерката Тренчевска, очигледен е притисокот врз работниците кои сакаат да го подржат штрајкот. Во својата реакција, Министерството укажува дека наставата ќе се одвива нормално, како и секој ден, па се поставува прашањето кои професори и негувателки во градинките ќе бидат задолжени за децата кога ќе бидат на штрајк. Дали Министерството обезбедило заменски професори и негователки, кои ниту ги знаат навиките на децата, ниту имаат доверба од децата ,како оние кои се грижат за нив секојдневно.

Како Министерството мисли да обезбеди нормална настава за децата, кога сите просветни работници се незадоволни од условите во кои работат и планираат да излезат на штрајк. Од известувањата на синдикатите кои го организираат штрајкот, како и од наши членови, дознаваме дека се вршат големи ПРИТИСОЦИ за да се откажат од идејата да го поддржат штрајкот, со цел Министерството да обезбеди доволен број на просветни работници и штрајкот да биде неуспешен.

Без разлика дали ќе се обезбедат минимум услови за работа, просветните работници не се задоволни од платите кои ги примаат и децата нема да го имаат истиот квалитет на образование и нега. Се надеваме дека притисоците нема да ги спречат просветните работници и вработените во градинките да се борат за своите права.

Левица во целост го поддржува секој отпор за остварување на работничките права и на сите работници кои ќе имаат реперкусии им стои на располагање со правна помош.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
10 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ