Плажата на реката Tреска стана дива депонија!

треска депонија

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Изминатиов период постојано во општина Сарај се забележува слика на силен чад и запален отпад. Просторот на месноста, којашто ја знаат сите скопјани како „Кривината“, е претворен во депонија, кон која секојдневно се упатуваат големи камиони и таму истураат разновиден отпад. Камионите истураат отпад деноноќно, некој го пали отпадот и повторно депонијата е добро снабдена со нов отпад.

Овие диви депонии значително ги загадуваат околните подземни води. Бидејќи депонијата е по водотекот на изворот Рашче, постои огромен ризик за контаминација на водата за пиење во Скопје!

Сето ова се случува на просторот пред рекреативното, а сега комплетно запустено езеро “Треска”. Овој простор со децении беше култно место за одмор и рекреација на скопјани. Реката Треска беше чиста, а луѓето се криеја под сенките на врбите бегајќи од скопското жешко летно сонце. И ова што сега се случува е само на 200 метри воздушна линија од општинската зграда.Го гледа ли чадот и депонијата градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети?

Дали надлежните инспекциски служби извршиле надзор на терен, во обид да се санкционираат сторителите?

Нас нè информираа граѓани дека тие повеќе пати ги пријавиле огновите во полициската станица. Доаѓале и коли за противпожарна заштита. Но, депонијата и понатаму постои и секојдневно се зголемува. Така жителите на Сарај дишат загаден воздух. Дополнително, страда целиот биодиверзитет околу реката и се предизвикуваат големи еколошки штети.

А, Скопје кое некогаш се гордееше со природната плажа Кривина, сега тагува по минатите времиња и е град со четири реки, две езера и ниту еден пристоен простор каде што можат да се разладуваат скопјани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
10 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ