Пари за патни трошоци за пратениците има, ама нема пари за децата со попреченост?!

deca so poprechenost

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Родителите на деца со попреченост пред некој ден одржаа протест на кој што меѓудругото побараа зголемување на посебниот додаток, кој што согласно сегашните законски одредби изнесува 5.021,00 денар.
Родителите на овој протест истакнаа дека се обратиле и кај министерката за труд и социјална политика Тренчевска и кај пратенците во Собранието, но речиси секаде добиле ист одговор, а тоа е дека пари за зголемување на овој надоместок нема.

Од друга страна пак, се уште ни се свежи сеќавањата од минатогодишните фрапантни податоци за исплатени патни трошоци на пратениците, кога за само девет месеци на пратениците им биле исплатени над 180.000,00 евра од Буџетот на Република Македонија за патни трошоци.
Од тука јасен е двојниот аршин на народните избраници, кога се работи за распределба на народните пари, кои што треба да бидат од народот за народот, наспроти тогаш кога се работи за нивен личен бенефит.

Левица е единствената партија во Собранието на Република Македонија, чии што двајца пратенции Димитар Апасиев и Борислав Крмов се откажаа од патните трошоци.
Исто така, двајцата пратеници на Левица се единствените кои што им излегоа во пресрет на родителите на деца со попреченост и поднесоа Предлог закон за зголемување на посебниот додаток за овие деца.

Законот е поднесен по скратена постапка, а останатите 118 пратеници доколку имаат доблест и слух за потребите на овие деца, треба да го подржат овој предлог закон и да гласаат за него.

Очигледно е дека за изгласување на овој закон е потребно само политичка воља кај пратениците, затоа што е очигледно дека пари има.
Ако има пари за патни трошоци за пратениците, мора да има пари и за децата со попреченост!


ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Социјален Сектор

11 април 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ