Само Левица е против нехуманата урбанизација на Кавадарци!

Круме Богевски Левица Кавадарци

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ДПМНЕ и независниот Златевски го изгласаа новиот ДУП „Блажо Алексов“ кој предвидува изградба на нова зграда помеѓу социјалната зграда и комплексот „Белка“, СДС и НСДП беа воздржани, а советничката група на независниот Сакалиев беше отсутна за време на гласањето!

Малолетничката деликвенција во овој дел од градот е социјален, а не урбанистички проблем. Со самото тоа, дислоцирањето на маргинализираните групи на граѓани само овозможува изградба на нова зграда и згуснување на населението.

Во последните неколку години веќе се изградени огромен број на станбени објекти во околината (долж ул. Ѓорѓи Соколов и ул. Блажо Алексов), а ниту една нова зелена површина. Оваа нехумана густа урбанизација на градот резултира со последици по здравјето на населението, додека социјалните проблеми на маргинализираните групи на граѓани во овој дел од градот се заташкуваат!

Апелираме да во најбрз можен рок социјалните служби упорно работат со маргинализираните групи на граѓани, бесправно изградените импровизирани објекти да се отстранат и заменат со зелени површини кои би биле користени од напливот на жители кои ќе се вселат во новите станбени згради во околината.

На Кавадарци не му треба „Дебар маало сценарио“ и гушење во сивило! Здраво ширење на градот е развој кон периферијата и неатрактивните локации на градот, а не со згуснување на населението во постоечките населби!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ