Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Стечајците од ЧИК Куманово се заблагодарија на Левица и ги повика останатите партии да го изгласаат предлог-законот

    На 22-ри март 2022 година, стечајните работници од ЧИК Куманово доставија барање до сите парламентарни партии за ново законско решение, бидејќи минатиот закон не се однесува на сите стечајни работници, и затоа неколку илјади луѓе се оставени вон законската рамка.

    На ваквото барање не реагираше ниту една од политичките партии, освен Левица, за што пратениците во понеделникот поднесоа предлог-закон за материјално обезбедување на стечајците. Предлог законот на Левица ги содржи следните промени од претходното законско решение:
    -Стажот од 14 години го намалуваме на 10 години, затоа што многу од стечајците работеле без пријавен стаж и така имаме природна потреба за намалување на границата;
    -Месечното обештетување да се крене од 34 отсто од просечната плата на 40 отсто од просечната плата – 12 000 денари;
    -Возраста за исполнување на условите за материјално обезбедување се определува на граница од 52 години за жена и 55 години за маж;
    -Наместо неколку месеци рок за пријавување по објавувањето на законот, периодот се зголемува на една година.

    Овој предлог-закон ги опфаќа лицата коишто изгубиле работа по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок кои оствариле право на паричен надоместок од 1-ви јануари 1993 година, кои се невработени и се со стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата.

    Стечајните работници од ЧИК Куманово, кои ја поднесоа иницијативата до Собранието, се заблагодарија на Левица, која го достави овој предлог-закон за решавање на нивниот децениски, егзистенционален проблем и ги повикаа пратениците од останатите политички партии да го изгласаат истиот.

    Најнови објави