(Видео) Апасиев: Одбран е комбинираниот модел за попис поради најлесно манипулирање

Dimitar Apasiev Janko Jadi Burek 3_Димитар Апасиев Јанко Јади Бурек 3

“Во светот има четири модели за попис, и додека нема унифициран европски модел за попис тие тоа го шверцуваа со европско знаменце, а за тоа кривично се одговара, за да ја спречат опозицијата да го блокира или подобри законското решение, како и воопшто да дебатираме. Со европско знаменце [за предложените закони] дебатата трае само три дена во Собранието, на комисија па на пленарна седница. Значи дека нема европска директива на која можеш да се повикаш, затоа што секоја земја си има свои sui generis модели, кој како сака.

Компаративно, постојат 4 модели за попис. Традиционален – од куќа до куќа, електронски, францускиот континуиран со ажурирање на регистри, и нашиот комбиниран.

Според мене најдобриот модел во 21-от век е електронскиот .. тој е најсигурен.

Знаеш ли зошто [од Власта] го одбраа комбинираниот? Оти најлесно се манипулира. Ако не можеш да стигнеш, како во случајов, ќе речеш нив административно ќе ги попишеме. Каде пишува во законот “административно попишување”?”

– Дел од излагањето на претседателот на Левица,  Димитар Апасиев, од гостувањето во емисијата „Јанко Јади Бурек“ на ТВ Сонце

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ