Штрајкот поддржан и од родителите

trudov sektor

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Втор ден како во Македонија штрајкуваат просветните работници.

 

Штрајкот станува се помасовен, а поддршка добива и од родителите, кои се солидаризираат со тешките услови за работа на просветните работници. Власта, во недостиг на идеи да ги реализира барањата на работниците, преку директорите на училиштата и градинките сака по секоја цена да го задуши штрајкот.

 

Директорите се закануваат со ДИСЦИПЛИНСКИ постапки кон вработените и решение бараат преку ангажирање на заменски работници, додека власта се повикува на светска криза и на лошата економска состојба на државата. Лицемерно, истата власт која опозициски го критикуваше моделот заменски наставник како неуставна категорија, сега го користи како средство за закана и манипулација со родителите, на кои им ветува дека децата ќе бидат згрижени.

 

Според сите очигледни активности на владата, пари има за сè друго, освен за работниците кои како маргинализирана група во општеството ќе треба да се ”стрпат”- како што велат од власта додека не се нормализираат работите.

 

Доволно се стрпуваа работниците на грб на “владетелите” кои со своите лоши и непромислени политики никогаш немаат слух за работниците. Револтот и незадволството на просветните работници беше најавено уште оддамна и Владата имаше шанса да најде начин за задоволување на основните барање на работниците, а нецелосното усогласување на минималната плата на работниците (согласно последните измени на законот) ја прелија чашата која доведе до штрајк.

 

Нека не се изненадени од власта за ваквиот чекор на работниците и синдикатите, затоа што сите цени во малопродажбата се зголемија најмалку 4 пати од кога почна наводната криза, која најмногу ги погодува обичните работници.

 

Апелираме да најде начин оваа власт просветните работници да не бидат дното на стандардот на плата, затоа што од нив зависи иднината на нашите деца!

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Трудов Сектор

12 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ