Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Власта на СДСМ и ДУИ гласа против подобрување на социо-економската положба на работниците

    Поднесените предлог-закони од страна на пратениците на Левица, кои беа апсолутно во насока на усвојување на добрите европски практики, несомнено ќе ја подобреа општата социо-економска положба на обичните граѓани и работниците.

    Идеологијата и практичното дејствување функционираат неразделно, па така, власта само формално се декларира како политичка сила која ги застапува интересите на обичните граѓани, а во пракса нејзиното дејствување е насочено единствено кон заштита на крупниот капитал. Неприфаќањето на предлог-законите поднесени од пратениците на Левица, целосно го разобличи недемократскиот капацитет на владините политики.

    Дека е тоа така говорат фактите, согласно кои владејачката коалиција од СДСМ и ДУИ не прифати во скратена собраниска постапка да бидат донесени закони кои предвидуваа:

    (1) обезбедување на исплата на платата до 5-ти во месецот;

    (2) намалување на манипулациите од страна на работодавачите и значително намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време од 5 години на 6 месеци;

    (3) намалување на патарините за 50%;

    (4) драстично намалување на надоместокот за патните трошоци кои ги користат пратениците и

    (5) укинување на апанажата за државните функционери или изедначување на условите за користење на истата и за обичните работници.

    Предложените закони беа во насока на конструктивно делување, како предлог решенија, во услови на економска криза. Истите уредуваат општествени сфери, кои се значајни во борбата за работнички права и подобрување на социјалната положба на најзагрозениот слој граѓани. Со одбивањето на овие законски решенија, делегитимираната власт повторно покажа дека нема никаква политичка волја за решавање на суштинските економски проблеми, поради што периодов е соочена со масовни штрајкови кои допрва ќе заземат масовни размери, со продлабочувањето на кризата.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    12 март, 2022

    Најнови објави