Ако стопанската комора сака инклузивно третирање на сферата на работните односи, нека започне со инклузивно споделување на профитот со вработените

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

И покрај тоа што предлог-законите на Левица за намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци и за намалување на крајниот рок за исплата на платите од 15-ти на 5-ти во месецот не беа изгласани, самото тоа што се најдоа на дневниот ред на 68-та собраниска седница, беше доволно да ги поттикне Стопанска Комора и Конфедерацијата на работодавачи да реагираат, дури и писмено, до спикерот Талат Џафери.

Овие организации, кои претставуваат своевидно бизнис-лоби во Македонија, зад своите забелешки за процедурата на доставување предлог-закони, ја затоскриваат својата намера да си го задржат (досега неприкосновениот) монопол врз носењето одлуки во сферата на работните односи.

Навикнати да нивните интереси бидат во целост застапени од трите бизнис партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, појавата на автентична левичарска и работничка партија, која конечно вистински ја застапува страната на работниците во Собранието им боде како трн во око.

Од Стопанската комора бараат сферата на работните односи да се третира транспарентно и инклузивно. Ова се големи зборови за една организација, на чии што членки им припаѓа дури 47.6% од чистиот профит во Републиката – профит кој нетранспарентно и неинклузивно си го делат во дивиденди, додека на своите вработени им исплаќаат мизерни плати.

Од Конфедерацијата на работодавачи реагираат на сличен начин, повикувајќи се на праксата од 2017 па наваму, предлог-законите во сферата на работните односи да се работат низ работни групи на кои тие се поканети.

Но, токму осиромашувањето на работничката класа во претходните 5 години треба да биде аргумент дека учеството на овие бизнис-организации во носењето на законската легислатива во сферата на работите односи диспропорционално оди во корист на газдите и против интересите на оние кои чесно и макотрпно го заработуваат парчето леб!

Левица не е и нема да биде само уште една партија која што ќе ги застапува бизнис интересите на бизнис-лобито во Републиката. Оние кои го земаат профитот и кои го ставаат работникот во подредена позиција најмалку треба да бидат вклучени во носењето на законите, бидејќи поентата на правото е да го заштити послабиот, а не да ја изрази волјата на владеачката класа преку закони!

Левица и понатаму ќе продолжи да предлага закони, кои ќе бидат во насока на подобрување на класната позиција на работникот во општеството, без притоа да се консултира со буржујски организации, кои веќе си имаат 118 пратеници во Собранието да им ги застапуваат интересите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
13 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ