Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица ќе отвори претрес за статусот на продавачите на книги на следната седница на Совет на Град Скопје

Попладнево, советниците на Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил и Амар Мециновиќ ги посетија продавачите на книги на кејот на реката Вардар, чие иселување е сѐ по извесно.

Продавачите ни го покажаа Решението од Град Скопје со кое се предвидува нивно иселување во рок од 15 дена од неговото добивање. Тие ни кажаа дека пропустите во врска со нивните документи се резултат на немарноста на претходните градски власти за нивно долгорочно обезбедување. Дополнително, дознавме дека тие лично се грижат за ‚‚куќарките‘‘, и дека се мета на чести грабежи и деликвентни напади.

Затоа, ќе бараме градските служби да изнајдат решение кое нема да биде на штета на сегашните продавачи и кое ќе се спроведе транспарентно. На следната седница на Советот на Град Скопје, нашите советници ќе отворат претрес по ова прашање за да може да се артикулира проактивниот пристап за решавање на проблемот.

Безусловно застануваме за прикладно решавање на оваа состојба со цел заштита на граѓаните и негување на столбовите на градската култура.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ
15 април, 2022

Најнови објави