Левица ќе поднесе Декарација против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот промовирани од власта

278457617_552463186236750_7252608837176590045_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Преку нелегитимно и нелегално прифаќање на штетни и анти-македонски билатерални договори, учествување во империјалистички воени сојузи и особено преку рехабилитација на истакнати фашистички колаборационисти од минатото, промоцијата на фашистичка идеологија во Македонија секој ден е се поприсутна.

Уште од времето на Втората светска војна, како никогаш досега, владата на ДУИ и СДСМ официјално промовира глорификација и рехабилитација на профашистички соработници кои ги негираат македонскиот народ, јазик и држава.

Отворањето на „Клубот – Ванчо Михајлов“ во Битола, на кој ќе присуствуваат високи делегации од Македонија и Бугарија, јасно ја покажува стратешката тенденција и политичката определба на оваа анти-народна власт. Имено, владиното кумувањето на „културен центар“, кој ќе го носи името на еден од најкрвните врховисти, не е ништо друго, освен директна негација на Национално-ослободителната борба на македонскиот народ и нејзините придобивки, преку кои се афирмираше неговата држава, како дел од победничката анти-фашистичка коалиција.

Со директното учество и поттикнување на историскиот ревизионизам насочен кон де-македонизација, како и имплементацијата на анти-македонски политики преку целиот мандат на власт; особено со поткопувањето на АСНОМ-ските темели на државата, СДСМ се претвори во профашистичка политичка групација, која сама по себе е навреда за македонското национално достоинство, а пак кога оваа партија е на власт, таа станува сериозна закана и за самиот македонски народ.

Денеска, Владата на Македонија предводена од СДСМ, со учество на свеченото отварањето на културен центар, кој, среде македонскиот град Битола, ќе го носи името на анти-херојот од Втората светска војна, фашистот Ванчо Михајлов, уште еднаш покажува дека, како последица од преговорите со Бугарија, со нов капитулантски билатерален договор, има намера да ги прифати и спроведе сите анти-македонски, негаторски, експанзионистички и шовинистички барања и политики на Софија.

Ваквиот владин чин на провокација и понижување на македонскиот народ заслужува осуда од сите релевантни групи и поединци од јавниот домен на општественото живеење во Македонија.

Истакнуваќи дека денеска неофашизмот во нашата држава е современ феномен, кој се етаблира со силни негаторски, понижувачки и крајно анти-македонски елементи, најавуваме дека Левица, во Собранието на Република Македонија, ќе поднесе Декларација за осуда и борба против било каква форма на глорификација, рехабилитација и промоција на фашизмот, во која особено внимание ќе биде обрнето на борбата против историскиот ревизионизам и рехабилитацијата на неговите соработници, било тоа да се соработници со бугарската фашистичка власт или пак од профашистичкото движење на Балистите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16 април 2022 година

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ