Силен аларм за нео-врховизмот преку импликациите на именувањето на културен центар по Ванчо Михајлов

ванцо

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Изминатиот викенд сведочевме на понижувачкиот настан во Битола за отворање на културен центар кој ќе го носи името „Ванчо Михајлов“ – фашист и нацистички колаборатор и негатор на македонската нација и јазик! Рехабилитацијата на овој анти-македонски деец и фашист, како мост помеѓу двете земји, е впрочем артикулација на политичката тенденција на ова лице кое се однесува на соодносот помеѓу Бугарија и Македонија.

 Со именувањето на културниот центар по Ванчо Михајлов, се возобновија сенките од минатото, и на посетата на бугарскиот политички врв со полициско присуство на отворањето, прикладни им се спомените на Македонците од друго време, кога лицето по кое треба да се именува културниот центар претставувал висок авторитет за бугарските фашистички окупатори во Македонија.

Сепак, овој инцидент не е изолиран, туку само надополнување на јасната и историски издржаната „великобугарска“ цел, со апетите насочени кон Македонија, содржана во јадрото на идеологијата на „врховизмот“ кој секогаш потекнувал од бугарскиот државен врв!

Затоа, од својот зачеток до ден-денес „врховизмот“ е инструмент на бугарскиот државен врв, како идеолошки дериват на својата инструменталност, за разнебитување на македонската поединечност и национална концепција.

Ако го земеме во превид временскиот контекст на преговорите помеѓу Скопје и Софија за македонскиот јазик, како еден од конституентите на македонската државност, именувањето на културен центар по оваа историска личност испраќа јасен сигнал и црвен аларм до македонската јавност кој не може да се игнорира.

 Ванчо Михалјов во културно-политичка смисла претставува негирање на посебноста на македонскиот народ и неговиот државнички легитимитет, кој се заснова на извојуваната слобода преку Народно-ослободителната борба, чиј директен непријател е Михајлов.

Затоа, се поставуваат прашањата за што ќе промовира овој културен центар, и од кое идејно јадро ќе црпи вредносни црти. Доколку се работи за културен центар, тој би носел име на културен деец, затоа и на отварањето на „клубот“ не беа присутни културни дејци, туку политичари со јасна замисла за културниот центар – промоција на нео-врховистички, асимилаторски и фашистички вредности.

Премиерот платен од народни пари ја одбра картата на наивноста, и се огласи како апологет под чадорот на демократските права и слободи, и дозволи во земјата чиј е државник да се поставуваат темели за нејзиното идно разнебитување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

19 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ