Во Форино истакнато само албанско знаме – спротивно на законот за употреба на знамињата на заедниците

279139483_300671878915485_2773847367749292721_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во гостиварското село Форино, кое воедно е родното село на Претседателот на Собранието Талат Џафери, е истактнато албанско знаме од барем 10 метри на плоштадот на селото – во спротивност на Уставот и Законот за употреба на знаминњата на заедниците во Република Македонија.

Имено, станува збор за самостојно истакнато албанско знаме во центарот на с. Форино, без притоа до него да е истакнато македонското знаме, како што се превидува со Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.

  • Според чл. 5 од Уставот на Република Македонија, Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.
  • Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.

Истакнувањето само на албанското знаме, без притоа до него да се истакне и македонското, во соглсност со одредбите на гореспоменатиот закон претставува казниво дело.

Дополнително, оваа постапка на локалните власти е доказ за беззаконието кое владее во оваа држава, и своевидна провокација со цел да се подгреат етнички тензии.

Левица – Сектор за Политички систем
27 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ