Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

21 година од масакрот во Вејце

На денешен ден, во 2001 година, во месноста Вејце, ѕверски беа убиени македонските бранители во заседа од терористичките формации. Патролата, составена од 16 припадници на безбедносните сили (осум од Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ и осум од Посебната единица на СВР Битола) беше начекана во заседа.

По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот, биле живи запалени. Масакрот во Вејце е еден од најбруталните и најгромозорните воени злодела, за кои сведочи поновата историја.

На 19 јули 2011 година, со автентичното толкување на Законот за амнестија, сторителите беа амнестирани од страна на Собранието на Македонија, со гласење на пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а под силен притисок од странскиот фактор. Правдата за семејствата на загинатите македонски херои никогаш не пристигна.

Во нивна чест, делегација на Левица оддаде почит со положување свежо цвеќе. Хероите, кои животот го положија за својата татковина, вечно ќе живеат во колективната меморија на македонскиот народ.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28 април, 2022

Најнови објави