Не со штрајкот, туку со СОНК е завршено!

279268642_330672922488068_1386785749170850126_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со години трае Голготата на просветарите. Со години се обидуваат колку можат да го спасат образованието од очајните и неверојатно штетни образовни експерименти кои им се наметнуваат под превезот на реформи. Со години работат во мизерни услови, без основни наставни помагала, под пресија на партиски именувани директори, т.е апаратчици на владејачките партии.

СОНК, карикатура од синдикат, место да ги штити правата на просветните работници, со години ги штити интересите на владејачките клики чија единствена цел е да го девастираат јавното образование и на таков начин да создадат непремостлив јаз меѓу работничката класа и образованието, оставајќи ги работниците, поточно нивните деца заробени во бесперспективност за да можат да ги врбуваат со далеку потплатени работни места и истите да им ги нудат небаре милостина!
СОНК место да се спротистави, со години кумува на лошата кадрова политика во образованието, на партиски вработувања, на незаконски спогодби според кои се плаќа трудот на просветарите!

Последните поскапувања и сè поголемата нееднаквост во платите што се исплаќаат во јавниот сектор ги потроши и последните атоми од трпението на просветните работници. Со тешко срце, но и со чувство на вина пред сопствените деца на кои од платите не можат да им обезбедат ни основни услови за пристоен живот, просветарите излегоа на штрајк, решени и сплотени како никојпат, бидејќи нивната социјална состојба никојпат не била толку лоша!

Безмалку три недели се опираа на притисоците, мобингот, јавните понижувања… истрајни во намерата да се изборат за себе и за јавното образование.
Денес штрајкот на наставниците доби трагикомичен епилог. Претседателот платен колку три наставника со парите кои наставниците ги изделуваат од своите скромни примања ги предаде без да му трепне око!

Спротивно од јасно искажаната волја и решеност на просветните работници, тој реши, без да има постигнато било каков резултат, да го прекине штрајкот! Вакво понижување на работниците кои го плаќаат за да ги застапува е повеќе од срамно! Срамно е што ги повика работниците да штрајкуваат, ги измалтретира и оштети учениците, ги растревожи родителите, а сето тоа – ЗА НИШТО!
Како кец од ракав го извадија Законот за мирно решавање на работни спорови. И по тој закон, пробиени се сите рокови, а просветните работници и целата јавност беа доведени во заблуда при што на просветарите им е нанесена тешка штета по угледот!

Јаким Неделковски е најлошиот можен примерок на синдикален стаорец, на лик кој како крлеж се има запиено во приказната за синдикат, а поим нема од синдикална солидарност и работничко достоинство!
Како и повеќепати досега тој под изговор дека преговара за наставниците, најверојатно се договори единствено за себе, а никако за работниците!

Ваквите квазисиндикати се една од најголемите причини што положбата на работниците во државава е на незамисливо ниско ниво.

Тие се и една од најголемите причини што се роди ЛЕВИЦА како политичка партија насочена и посветена токму на тоа ВИСТИНСКИ да ги застапува работниците!

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Сектор образование

28 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ