(Видео) Зошто Антикорупциската Комисија робува на ДУИ и до каде е законот за потекло на имот?

Dimitar Apasiev_Димитар Апасиев-Parlament_Парламент

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

(*Говор на Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на седницата за пратенички прашања во Собранието.

,,Прашањето е наменето за Претседателката на фамозната Антикорупциската Комисија, на која и благодарам што се одважува да дојде, за разлика од јавниот обвинител за кој имав прашање, но [тој] си замина.

Можеби ние како парламент треба да ставиме како основ за разрешување на јавен функционер, да биде неодзивање на инпичмент од страна на Собрание.

Не може функционер кој го поставува Собранието да не одговара пет пати на покани на Собранието.

Значи првото прашање ќе ми биде насочено кон она што популарниот Прибе од Шарена Револуција ни го викаше заробена држава, или ние нагалено си го викаме хибриден режим. Го замолувам почитуваниот имењак мој, Премиерот, да слуша како функционира башибозукот на ДУИ. Имено, тоа е насочено кон заробената држава која што е воспоставена во случајов од ДУИ, бидејќи сите го забораваме пукајќи се ВМРО – СДС. Забораваме една константа која што е константа на заробената држава, тоа се вика ДУИ.

Во случајов станува збор за еден интересен лик од просветениот инспекторат, кој се вика АФРИМ САЛИУ. Станува збор за она што “сленговски” го нарекуваме “cover-up”, односно владино, или институционално прикривање. Значи имате еден инспектор кој се вика Ѓорги Илиевски, кој сега веќе е во пензија, и кој открива дека во 2016 година, спротивно на тогашниот Закон за високо образование, кој забрануваше напредување на кариера на универзитетски професор за време на мирување на работен однос, а тоа беше кога си избран на функција, подоцна заради Рашковски и Рената Десковска се промени тој закон, и сега можете да напредувате. Но, тогаш во 2016 година не можевте. Овие тројца функционери на ДУИ меѓу кој го имате и заменик министерот, сега веројатно за правда Агим Нухиу, спротивно на законот напредувале во кариерата за време кога неможеле да напредуваат.

Овој инспектор, Ѓорѓи Илиевски, го открива тоа и донесува Решение како просветен инспектор и вели дека овие тројца функционери не можеле да напредуваат, и со тоа треба да им се поништат титулите во кои што напредувале.

Сепак, бидејќи ДУИ има во секоја институција раководен кадар, овој Африм Салиу доаѓа, носи ново решение, прави повторен вондреден инспекциски надзор и вели се е океј.

Еден класичен “cover-up”, и сега тоа е пријавено до вас како надлежна комисија – Антикорупциската, и вие му изрекувате само парична глоба на лицето. За да биде иронијата поголема, се утврдува дека овој Африм Салиу има ќерка која работи во истата институција каде што врши инспекциски надзор, што е спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси и е класичен конфликт на интереси.

Вие постапувате, меѓутоа само делумно. Не е поентата да го казните со 500 евра. Што се 500 евра за структура како ДУИ? Ништо.

Значи не е битна казната, битни се последиците од тоа дејствие. Тоа треба да се поништи. И вие сега велите, ние не сме надлежни да поништуваме нешто што е откриено како затајување, дека е судир на интереси. Според моето толкување, членот 66 од законот вели:

,,Правните акти што се резултат на корупција или судир на интереси, се ништовни”. Вели, секој кој има интерес може да бара поништување на правните акти со поднесување – како доказ во правосилна судска одлука, односно одлука на надлежен орган, тоа сте вие, со која е утврдено дека има судир на интереси. Значи, зошто дејствието на овој корумпиран инспектор, или во случајов инспектор кој имал судир на интереси, не е поништено. Тоа е суштината. Не е битна глобата која вие сте му ја изрекле.

Затоа, првото прашање ми е зошто не ги користите целосно вашите ингеренции и не ги поништувате правните дејствија кои по сила на закон се ништовни од вакви корумпирани инспектори? Ова се три случаи во кои се фатени инфлагранте, вакви има илјадници на број.

Второто прашање ни е за популарниот и долго очекуван Закон за потекло на имот. Имено, до каде се овие подготовки? Дали имате опструкции или немате опструкции од владините министерства или правни тимови?

Ова [проблематиката] не е ништо ново. Ние во Југославија сме имале Закон за потекло на имот во 70-те години. Сега, добар модел имаат Србите. Тие не го викаат конфискација, туку присилно одданочување на 70 отсто. Значи, до каде е процесот на носење на Закон за потекло на имот, и кој модел вие би го применувале?”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ