(Видео) ДКСК има надлежност да иницира поништување на решението на инспекторот Африм Салиу

Dimitar Apasiev_Димитар Апасиев-Parlament_Парламент

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

(*Реплика на Претседателот на Левица – Димитар Апасиев, на одговорот на претседателката на Антикорупциска Комисија, Билјана Ивановска, која изложи дека Комисијата нема надлежност да покренува постапка за поништување на решението на инспекторот Африм Салиу, во однос на незаконското унапредување на Тетовскиот универзитет на тројца фунцкионери од ДУИ.)

„Во правото постојат разлики помеѓу ништовност и рушливост. На латински, едното се вика negoitum nullum или непостоечки, ништовен правен акт, додека друго се вика negotia rescindibilia, или рушлив. Кои се разликите? Првата разлика е тоа што ништовниот правен акт не може да произведе правно дејство, за разлика од рушливиот, којшто произведува [правно дејство] до моментот до кога не е оспорен.

Втората разлика е тоа што кај првите, бидејќи се штити ЈАВЕН ИНТЕРЕС, за разлика од вторите каде се штити приватен интерес, се применува начелото кое се вика quivis ex popolo, односно, било кој од народот – без оглед дали има или нема правен интерес, како во парница – може да побара, баш затоа што се штити јавен интерес, ништовниот акт да биде деклариран како ништовен.

Тоа значи, дека на НИШТОВНОСТА може да се повикува секој, вклучително и Државната комисија за спречување на корупцијата. Тоа вас не ве иззема, кога сте откриле дека некој акт произвел правно дејство, а не требало, да иницирате постапка пред надлежен орган. Во овој случај, тоа е доносителот, Просветниот инспекторат. Да му укажете дека треба да го поништи актот. Па, да видите како тој ќе изреагира.

Затоа, ако вака го толкувате – секој кој има правен интерес? Кој има правен интерес во случајов? Тројцата кои се фатени [во престапка], сами да си поднесат да им се поништат титулите? Или пак, корумпираниот инспектор? Не можете начелото ex privata – да чекате некој да поднесе, да го применувате. Не, тука важи начелото ex publica. Било кој од народот, вклучително со вас како институција, сте обврзани кога ќе откриете ваков коруптивен правен акт да го пријавите таму каде што треба. Не само да констатирате.

Оттука, не сум задоволен од одговорот, и имам дополнително прашање: дали ДКСК, врз основа на ова правно толкување, планира во иднина – бидејќи не постојат рокови за утврдување ништовност, да поднесе инцијатива пред просветниот инспекторат да се поништи решението на корумпираниот инспектор Африм Салиу?“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ