Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ И ЛДП во Општина Гевгелија гласаа за измена на ДУП по иницијатива на Макпетрол

    Советниците гласаа за измена на ДУП и покрај тоа што советникот Сашко Јанчев јасно им предочи дека МАКПЕТРОЛ не го заслужува тоа поради тоа што при крајот на 2020 во договор со владата на Заев решија петнаесет годишен олигархиски криминал да си го покријат со 33 милиони евра народни пари и дека притоа го погазија Уставот на повеќе места. Доплнително беа потсетени дека олигархија во МАКПЕТРОЛ кога пораснаа цените на горивата, кога на народот, на чиј грб прават милиони, му беше најтешко тие решија да не продаваат горива додека Регулаторна не им направи цени по нивни ќеф.

    Исто така беа информирани дека ако се измени овој ДУП таму кај што сега има паркче и дрва потоа ќе има бетонизација, дека во игра е и правење ресторан од страна на Макпетрол кој ќе го загрози постоењето на еден култен градски ресторан на наши сограѓани кој се наоѓа во непосредна близина.

    Но и покрај ова советниците гласаа за измена на овој ДУП.
    Советникот Сашко Јанчев меѓудругото рече:

    “Јас за измена на ДУП по иницијатива на Макпетрол нема шанси да гласам.

    Причините ќе ги поделам во две групи. Едната е од генерална природа, има влијание врз цел народ и таа е олигархиско мафијашка. А другата е од локална природа и се однесува на граѓаните на Општина Гевгелија и таа е бетонизирачко предаторска.

    Првата група, олигархиско мафијашката, има два дела. Првиот дел е тоа што на 28.12.2020 Собранието на РМ донесе Закон за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба. Целта на овој Закон беше петнаесетгодишен олигархиски криминал да се реши на грбот на народот… Олигархијата го направи тоа на начин со кој од Уставот направи тоалетна хартија.”

    Тој исто така додаде:
    “Макпетрол не го измисли олигархот Јосифовски. Тоа е гигант од времето на Социјалистичка Македонија, направен со народни пари, а тие си го приватизираат, си станаа олигарси, си користат олигополска позиција на пазарот за да дерат народ така што тргуваат со јавни добра, со логика базирана на профит што особено во криза е нонсенс, експлоатираат една армија вработени и така со децении си прават милиони евра. Ама сега, кога згусти, кога му е најтешко на тој народ на чиј грб прават милиони, сега решија да не продаваат горива дур Регулаторна не им направи цена што ним им одговара. И сега ние треба да им излеземе во пресрет?

    Што се однесува до локалните причини, оние што влијаат конкретно на граѓаните на Општина Гевгелија, кои се бетонизирачки и предаторски, вака стојат работите.

    Со оваа измена на планот која се предлага, Макпетрол сака на својата парцела да ја зголеми површината за бетонизација. Таму ние сега имаме една хумана слика. Имаме паркче, имаме дрвца и сега таму каде што има паркче и дрвја тие сакаат максимално да бетонизираат и да направат годзила од бензинска станица.

    И второ, колку што разбрав, тие планираат таму да си прават и некое ресторанче што ме носи на нивниот предаторски нарав. Таму, до бензинската сега има еден стар култен гевгелиски ресторан на наши сограѓани и нема што сега Макпетрол да прави ресторан и да им го руши есапот. Нема што ние сега на нашите сограѓани во комшии да им пуштаме ламја која што ќе ги голтне. Кога не важат правилата за еднаквост на правните субјекти на пазарот за другите кога е во прашање Макпетрол, што се виде со законот што го донесе Собранието, тогаш нема што тука да важи ниту за Макпетрол.“

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Гевгелија

    03 мај, 2022

     

    Најнови објави