Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Советниците на Левица поднесоа иницијатива за изработка на мурали и поттикнување на уметнички туризам во Општина Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров позиционирана како западен влез на градот Скопје, со многу малку содржини го задржува вниманието на намерните и случајните минувачи низ условно кажано централниот дел на општината. Уште помалку овие случајни или намерни минувачи се мотивирани да скршнат во внатрешноста на општината, туку најчесто се упатуваат кон центарот на градот Скопје.

Интенцијата на Иницијативата е да се создадат културни содржини со кои во помала или поголема мера би се стимулирале минувачите да ја посетат општината, не само централниот дел, туку и другите дисперзирани делови на општината.

Една од карактеристиките на Ѓорче Петров која ја издвојува од другите скопски општини е наследството на славниот сликар Мазев кој во делот на Дексион овозможи десетина уметници (сликари, вајари и сл.) да имаат свои работни простори – ателјеа. Располагајќи со ваков уметнички капитал, општина Ѓорче Петров, мора истиот и соодветно да го презентира низ општината.

Еден од начините на кој може да се влијае на културното презентирање на општината е креирањето на мурали на поголем број видливи фасади. Нивното јавно презентирање ќе привлече не само случајни, туку и намерни минувачи и на определен начин ќе поттикне развој на еден вид уметнички туризам во општината.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Ѓорче Петров
5 мај, 2022

Најнови објави