(Видео) Кираџиева: Непотизам и политичко влијание е неприфатливо во спортот

весна кираџиева

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ангела и Деана Прилепчански како млади и талентирани спортистки во уметничко лизгање, од минатата година, без основ се исклучени од репрезентацијата на Македонија и немаат право да натпреваруваат во конкуренција на државните првенства.

Во Одлуката која по меил им била доставена на Прилепчански, стои образложение во кое се наведени членовите од Законот за спорт и Статутот на ФЛС, а во прилогот имаат и долго образложение, според кое тие ја оправдуваат својата одлука.

Родителите на сестрите Прилепчански, како нивни старатели (бидејќи до тој момент и двете девојки се малолетни) се обидуваат да ја исправат оваа неправда која им е нанесена и се обратиле до сите можни инстанци, но за жал не добиле позитивен одговор и волја за соработка, а по она што подоцна тие нам ни го кажаа, станува јасно дека се работи за политички врзано раководство на ФЛС кое од власта на СДСМ добива поддршка. Како крајна опција, во безизлезна ситуација тие ни се обратија нам, со цел да го разгледаме нивниот случај и да се обидеме да им помогнеме.

Откако уредно ја разгледавме целата документација која тие ја собрале во изминатава година (нивните проблеми всушност почнуваат пред четири години, но кулминирале минатата година со Исклучувањето), а пред сѐ Одлуката за исклучување од федерација, ние не најдовме никакви докази според кои оваа одлука би била основана и сметаме дека ФЛС работи за лични интереси, а не во интерес на спортот и спортистите.

Нашата крајна цел, како и целта на сестрите Прилепчански, е тие да можат да натпреваруваат во конкуренција и да ги бранат боите на Македонија во репрезентативниот состав, рамноправно и без непотизам и политичко влијание кое го искористуваат од раководството на ФЛС. Неправдата која им е нанесена на овие млади талентирани девојки мора да биде исправена, а ние ќе се бориме со нив да го докажеме тоа!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
5 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ