Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Левица поднесе Резолуција против фашизмот во Собранието на Република Македонија

    Денеска пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија, поднесоа Предлог-резолуција против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици.

    Во Резолуцијата детално се укажува на состојбите при кои во Република Македонија, преку историски ревизионизам и учество на јавни настани, собири, свечености и прослави, од страна на групи и поединци, се промовираат и актуелизираат мегаломанските идеи за големи држави со што се шири нетолеранција, меѓуетничка и национална нетрпеливост.

    Воедно, во Резолуцијата се предвидуваат мерки и постапки, кои, Владата на Република Македонија, потребно е итно да ги превземе за да ја спречи појавата и ширењето на ваквите штетни и мрачни идеи и идеологии кои ги воскреснуваат идеите на фашистичките окупатори на Македонија од времето на Втората светска војна, со кои сериозно се загрозува националниот идентитет и безбедноста на македонскиот народ.

    Ова беше најавено на прес-конференцијата која се одржа пред споменикот посветен на ослободителите на Скопје, на кој, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, делегацијата на Левица, предводена од членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, положија венец, оддавајќи почит на хероите, кои како борци во Народноослободителната војна, го ослободија македонскиот народ од јаремот на фашизмот.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    9 мај, 2022

    Најнови објави