Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Централниот Комитет на Левица ја одржа XVIII-та редовна сесија

    Вчера (08.05.2022) се одржа XVIII-та редовна сесија на Централниот Комитет на Левица.

    На сесијата беа реафирмирани политичките позиции на Програмските сектори и Локалните ограноци, како партија со јасна политичка диференцијација, чии пратеници и советници ефективно ја артикулираат политичката волја на обичниот човек.

    Како најбрзо растечко левичарско движење во Европа, на седницата се дискутираше за внатрепартиската реорганизација и беа промовирани мерки за јакнење на структурниот и идеолошкиот темел на Партијата.

    Пред предизвиците на економската и енергетската криза со кои се соочува државата, во фокусот на претставниците на Левица продолжува да биде респонзивност пред проблемите на граѓаните, нивна артикулација во јавниот дискурс и нудење решенија.

    Во време на тектонски промени на геополитичко ниво, Левица продолжува да биде авангардната партија која ги претставува вредностите на новото време!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    9 мај, 2022

     

    Најнови објави