(Видео) Џафери своеволно го толкува Деловникот, ја саботира опозицијата

apasiev chlen 70 proceduralno

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Процедурално обраќање на Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, за неделовничкото работење на собранискиот спикер.

Пратеник и Владата можат до утврдување на дневниот ред на седницата да предложат внесување на точки во дневниот ред. Значи, тој предлага да се внесе друга точка надвор од овие што вие ги предложивте – само во случај на итна и неодложна потреба. Итна и неодложна потреба проценува предлагачот, а не вие. Тој е доминус на постапката, од него зависи дали ќе предложи, дали ќе повлече. Тој проценува, не вие.

Предлагачите од ставот 1, не спикерот, се должни да го поднесат материјалот во писмена форма и да ја образложи итноста во траење од десет минути. Тој дојде да ја образложи итноста, вие му дадовте само 3 минути. Тој ја образложува итноста, не вие.

Потоа, вели дека пратениците можат откако ќе се свика седницата да предложат да се одлага или да се повлече, и да даде образложение. Значи тој како предлагач е доминус на постапката, не сте вие тој кој дискреционо цели.

Оттука, истата оваа ситуација ја имавме кога мене не ми дадовте, за закони кои пред пет месеци. Ние сме поднеле пред 5 месеци, а вие повторно не ги ставате. Значи според вас, овој член никогаш не е применлив. Тоа значи дека вие дискреционо и арбитрарно го толкувате Деловникот, и колегата Бојан [Стојановски] има право уште седум минути да зборува, и сите колеги кои поднеле можат да се повикуваат на овој член 70.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ