Пратениците денес да го изгласаат предлогот за намалување на времетраењето на договорите на определено време

Предлогот закон за работни односи

На дневен ред на денешната седница во Собранието е ставен Предлогот на законот за изменување на Законот за работните односи, поднесен од пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Со овој закон се предвидува намалување на максималната граница од 5 години на 6 месеци – за склучување на договори за вработување на определено работно време.

Претходно, пратениците од власта одбија ваквите предлог-измени да се донесат во скратена постапка, со просто образложение дека истите не смее да бидат донесени во скратена постапка. Сега измените се пуштени во редовна собраниска процедура и апсолутно отпаѓа и не постои спорниот елемент за парламентарното мнозинствo да не ги гласа измените.

Со овие измени, ќе се излезе во пресрет на обичните работниците кои мака мачат да обезбедат сигурност во работното место преку обезбедување финансиска релаксираност во услови на економска криза.

Апелираме сите пратеници од власта и опозицијата да го поддржат овој Предлог на закон, без дополнителни политички опструкции.

Оправданоста за намалување на максималната граница од 5 години на 6 месеци за склучување на договори за вработување на определено работно време, се потврдува и особено нагласува преку статистичките податоци од Државниот завод за статистика, согласно кои за период од 20 години, нешто повеќе од 8 пати е зголемен процентот на склучени договори за вработување на определено работно време.

Ваквите податоци се фрапантни и целосно ја отсликуваат неповолната положба на работникот, кога е во прашање сигурноста во работното место. Цели 15% од активното население во државава, или 25,6% од вкупно вработените, работат на определено работно време со особено истакната поданичка зависност од работодавачот. Сигурноста во работното место е првиот впечаток кој младите генерации го добиваат за ситуацијата во државата.

Левица е единствената политичка партија која ги застапува правата и интересите на обичните работници. Предложените измени на законот се повеќе од потребни и имаат за цел да спречат газење на достоинството на работникот.

Истовремено, предлог-законот е во насока на унапредување на општествената положба на обичниот работник и обезбедување сигурност по неговата егзистенциија.
Поради тоа, ги повикуваме сите политички партии, синдикати и пратеници отворено да го поддржат предложениот закон.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
10 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ