СОНК и МОН продолжуваат да си играат со трпението на наставниците

сонк

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Нови десет дена им се потребни на СОНК и на МОН и МТСП за „мирно решавање на спорот“. А спорно, по сѐ изгледа е единствено правото на вработените во образование да штрајкуваат поради долгогодишниот грабеж на нивните плати преку пресметки засновани на непостоечки термин во ниту еден закон, освен во нивниот неважечки Колективен договор „најниска плата во дејноста“.

Според СОНК и Владата за просветните работници изгледа не важи правилото „Времето е пари“, па нивната мизерна плата дополнително ќе ја јаде галопирачката скапотија додека тие комотно и пролонгирано преговараат. Очигледна е намерата до крај, а без никакви аргументи односно информации до каде се преговорите, да се искористи рокот од максимални 30 дена предвидени за донесување решение од страна на арбитерот.

Дали власта, и нејзиниот синдикат калкулираат со тоа, така да ја привршат наставната година, а потоа, за време на распустот на учениците да се обидат просветните работници да ги пренесат „жедни преку вода“, повторно нудејќи им решение во вид на проценти, место на квалитетен и чесен колективен договор кој ќе обезбеди соодветно вреднување на нивниот труд, а преку тоа и соодветно мотивиран кадар кој одговорно ќе ги образува нашите деца?

Додека тече натегањето околу зголемувањето на платите и потпишување нов колективен договор во јавноста се наметнува наратив небаре јавното образование треба да се реализира волонтерски, pro bono, од љубов кон професијата. Продолжува рекламирањето на приватни училишта, основни и средни, од една страна, и разграбување и узурпација на имотот на јавните училишта!

Родителите, барем оние кои немаат под перница по неколку илјади евра за школарина во една наставна година, треба час поскоро да застанат во одбрана на правата на наставниците, бидејќи тие во моментов се борат не само за плата и дигнитет, туку за спас на јавното образование!

СОНК и МОН да престанат да си поигруваат не само со трпението на наставниците, туку и со правото на работниците нивните деца да добијат квалитетно образование и квалитетна шанса да се придвижат напред.

Клучна програмска заложба на ЛЕВИЦА е БЕСПЛАТНО И КВАЛИТЕТНО ЈАВНО ОБРАЗОВАНИЕ, а во квалитетот мора да се вложува. На понижувањето на наставниот кадар, јавниот линч и третирањето на училиштата како прифатни центри за партиски полтрони мора да му се стави крај!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

12 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ