(Видео) Ристов: Приоритет на општината е да ги згрижи децата чии родители живеат во Карпош

бранко ристов

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради непланската градба и бизнис интересите на поединци, Општина Карпош не може да одговори на потребите на жителите кои живеат во Општината да ги згрижат своите деца во градинките кои се на територијата на Општина Карпош.

Од неодамна се изгласа реонизација на градинките каде во градинките на Општина Карпош ќе може да се запишуваат деца чии родители живеат во Општината. Ви ја пренесуваме изјавата на Претседателот на Совет на Општина Карпош, Бранко Ристов, во врска со Реонизацијата за прием на деца во градинките во Општина Карпош за Телевизја 24.

„Реонизацијата не е нов концепт, тој е уште од време на Југославија постоечки, но минатата администрација воопшто не се придржуваше. Сега се реизгласа со мали ситни измени и во план ни е строго да го спроведуваме затоа што имаме околу 200 деца надвор од Карпош запишано во градинките и школите, а имаме триста деца од Карпош за кои што фали место во школите и градинките. И тоа мислиме барем до некаде ќе го реши проблемот’’ – вели Ристов.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАРПОШ
13.05.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ