Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Дали Љупчо Николовски ги прелажа сточарите

Од владата на Република Македонија преку МЗШВ како помош за земјоделството во оваа тешка година, најавија интервентен фонд за исплата на дополнителни средства на веќе постоечките редовни субвенции.

Имено, сѐ поголемите високи цени на инпутите како сточната храна и другите репроматеријали како и лошите владини политики, го доведоа во прашање рентабилното земјоделско производство. Владата најави интервентен фонд за исплата на средства за месеците февруари, март и април од дополнителни 1500 денари по товеник за свињарските фарми.

Од Здружението на свињарски фарми во Република Македонија реагираат дека со исплатата на средствата од дополнителниот интервентен фонд, им се кратат средствата од редовните исплати на субвенции. Така, ако досега за тежок товеник редовната испата била 2000 денари, со интервентниот фонд тие средства им се укинуваат и им се исплаќа само 1500 денари.

Јавно го прашуваме министерот Николовски да одговори, дали со исплатата на средствата од интервентниот фонд им ги укинувате редовните исплати на субвенции на сточарите, во случајов на свињарските фарми?

Дали вакво укинување на редовните исплати ќе има и кај другите земјоделски гранки, кај тие земјоделци што ќе аплицираат за помош од интервентниот фонд?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕКТОР

17 МАЈ 2022

Најнови објави