Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Последиците од непланско градење, нерационалното трошење и меѓупартиските препукувања се одразуваат на над 500 деца

Проблемот со капацитетите во градинките во општина Ѓорче Петров отсекогаш бил и сѐ уште е актуелен и покрај предизборните ветувања на градоначалниците. Имено, на секои локални избори, се става акцент на нови градинки и проширување на постоечките, но, за жал, по доаѓањето на функција, за градоначалниците градинките се далеку од приоритетната листа. И не само што не се решава овој децениски проблем, туку дополнително се продлабочува со секоја нова локална владејачка структура преку масовно и непланско градење на станбени објекти, бизнис интересите на поединци, огромни непродуктивни трошоци, како и наследените долгови кои стануваат сѐ поголеми, а на градоначалниците им служат како алиби за нивното неработење.

Левица – Ѓорче Петров апелира:
1. До Министерство за труд и социјална политика да го остави на страна реваншизмот и итно да се дадат потребните одобренија за вработување на нов кадар со што би се пуштиле во функција новите капацитети;
2. До Градоначалникот Александар Стојкоски да не го заборави или да не го чека привршувањето на мандатот за започнување на предизборното ветување за 2 нови градинки и надградба на сите градинки во Ѓорче Петров. Ситуацијата е алармантна и ниту новите готови објекти немаат доволно капацитети каде би се згрижиле сите деца коишто се на листата на чекање;
3. Веднаш да се прекине трговијата со одобренија за градење и да се обезбедат основните услови за жителите на општина Ѓорче Петров;
4. Креирање на урбанистичките планови согласно потребите на жителите, а не на урбаната мафија како што беше случај со скороизгласаниот ДУП за Дексион со 50 нови станбени објекти;
5. Да се разгледа можноста за опремување на општинските објекти со цел привремено згриживање на децата;
6. Донесување на нов Ребаланс на Буџетот, целосно насочен кон решавање на горливите проблеми на граѓаните со сведување на сите луксузирања и непродуктивни трошоци на 0 денари.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Најнови објави