Локалната власт во Кисела Вода да го прифати предлогот за монтажна гаража

Левица Кисела Вода

Жителите на Кисела Вода континуирано и секојдневно се соочени со небезбедно движење, поради урбанистичкиот хаос и непланското градење во општината.

Советниците од Левица предложија решение за хаосот по улиците и паркирањето на тротоарите во Кисела Вода, преку изградба на монтажни катни гаражи, кои нема да имаат големи финансиски импликации по буџетот.

Советниците на Левица поднесоа Барање за изградба на една монтажна гаража, кај потегот интернат Пелагонија.

Очекуваме ова барање да биде поставено на дневен ред без одложување и истото да биде усвоено од локалната власт – со цел постепено решавање на еден од позначајните проблеми за жителите на Кисела Вода.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КИСЕЛА ВОДА

17.05.2022г.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ