Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Амар Мециновиќ: Почната е трка за додворување на ДУИ

„На ДУИ најмногу им одговараат предвремени избори сега, затоа што имаат ситуација на разединета албанска опозиција и сакаат да ескивираат ситуација како во 2020 година – односно обединување на албанската опозиција. Во овој момент, од албанските етнички партии, ДУИ е единствена партија која има структура што може да поднесе уште еден изборен циклус.

Со оваа инклинација на ДУИ кон предвремени избори, ми се чини дека е почната трка за додворување на ДУИ и дека ВМРО-ДПМНЕ ги прави блокадите за да се искористи опортунизмот на ДУИ за предвремени избори.

Блокирањето на Собранието се случува при големи работи, како што беше на пример, киднапирањето на пратеникот Реџепи. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ не го блокира Собранието, ниту пак повод за тоа не им беа ни серастечките опасности од преговорите со Бугарија кои се однесуваат на македонскиот идентитет.”

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Само Вистина.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
19 март, 2022

Најнови објави