Османи сaботира иницијатива за решавање на статусот на Македонците во Бугарија

bujar

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Владата без легитимитет на СДСМ и ДУИ, која целосно ја изгуби контролата на државниот апарат, секој претходен проблем го заташкува со отварање на нов, што поголем или поскандалозен проблем, свесна за падот кој ѝ следи, сламката на спасот ја гледа во отпочнувањето на преговорите со ЕУ.
Според неофицијални извори на кои се повикуваат неколку медиуми, од страна на Министерот Османи се врши притисок за „пригушување“ на македонската дипломатија, што резултира со нејзино недејствување во Советот на Европа на штета на националните интереси.

Иако, во Советот на Европа изминатиов период била иницирана посериозна активност за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права против Бугарија, МНР предводено од Османи реагирало македонските дипломати да не учествуваат во овој круцијален процес.

Ваквата насока на движење е во целосен склад со незастапувањео на интересите на Македонците во Бугарија, кои години наназад се изложени на агресивна асимилација и прогон, додека од другата страна се бара бугарскиот народ да стане конститутивен елемент на државата, внесен во официјалниот Устав.

Македонија зад себе има 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во своја корист, како најсилен аргумент, а воедно и инструмент кој треба да го користи во движењето на процесот, меѓутоа однесувањето на македонското МНР и Министерот Османи е тотално сервилно.

Прашањето кое останува отворено е зошто Македонија не ги користи пресудите во своја корист на ЕСЧП и не се залага за својата КОНВЕНЦИОНАЛНА ДОЛЖНОСТ во Советот на Европа (Европска институција за заштита на човековите права) истите да бидат спроведени?

Индикациите укажуваат дека ваквото недејствување на македонската дипломатија е исклучително како резултат на нејзино „пригушување“ од страна на Министерот Османи, што ја потврдува тезата за спремноста на оваа Влада, задоволувајќи ги бугарските апетити, да проголта ново велепредавство за „европски цели“, зошто таму је гледа сламката на спасот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

19.05.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ