Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Планирани 6,9 милиони денари за привремени вработувања преку приватни агенции за вработување

Домаќинското работење на градоначалникот Колев претставено во една ставка на буџетот –Агенција за привремени вработувања.

Во време кога се пренаменуваат средствата за мерни инструменти , се кратат ставки во програмите за животна средина,образование, култура, социјална заштита со цел обезбедување на средства за плаќање на високите сметки за електрична енергија, сепак Општина Велес може да обезбеди дополнителни средства за приватни агенции за времени вработувања со која времено ќе се вработуваат кандидати за коишто НЕ ПОСТОИ ниту соодветно работно место во општината според систематизацијата на работните места.

Дали зголемувањето на средствата за приватната Агенција за времени вработувања е во согласност и насока на задоволување на партиските вработувања?

Додека вкупната сума во програмата за заштита на животна средина изнесува 7 милиони 820 илјади денари,за социјална заштита 3 милиони 350 илјади денари, за култура 6 милиони 765 илјади денари , за спорт 6 милиони 150 илјади денари ,предвидената сума за провизии на Агенција за времени вработувања изнесува 6 милиони 900 илјади денари!

Кои се приоритетите на Градоначалникот Колев?!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес

18 мај, 2022

Најнови објави