Општина Куманово склучила договор за мобилни претплатнички линии во вредност 9.440.000 денари

КУМАНОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Според податоците објавени на официјалната веб страница на Бирото за јавни набавки, бил склучен договор „тежок“ 9.440.000,00 денари или околу 153,500 евра за набавка на 562 мобилни претплатнички линии за потребите на Општина Куманово, основните и средните училишта, јавните претпријатија и јавните установи.

Во договорот е наведено дека, по барање на општината, може да се допушти зголемување на претплатнички линии за 20% или за уште дополнителни 112 претплатнички линии. Оттука, не се знае дали бројката од 562 претплатнички линии е
конечна!
Од техничката спецификација дадена во прилог на договорот дознаваме дека:
1. Најголем дел од „колачот-претплатнички линии“ отпаѓа на Јавните претпријатија Водовод, Чистота и Зеленило, Куманово-паркинг, Пазаришта, средните, основни училишта и градинки, како и на општинската администрација:
-100 претплатнички линии за ЈП „Водовод“ Куманово
-100 претплатнички линии за ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово
-59 претплатнички линии за општинската администрација
-53 претплатнички линии за ЈП „Куманово-паркинг“ Куманово
2. Вкупната вредност на овој договор (9.440.000 денари) е наменета за месечните претплати, и во истата вредност не се вклучени надоместоците кои општината ќе има обврска да ги надомести по основ на надминување на реализираниот сообраќај вклучен во месечната претплата и дополнителните искористени услуги кои не се вклучени во месечната претплата.
3. Бројот на мобилни претплати во средни и основни училишта во голема мера варира од училиште до училиште. Така на пример, во Гимназијата „Гоце Делчев“ има 5 претплатници, додека во ССОУ „Киро Бурназ“ има дури 12 претплатници, или повеќе од двојно.

Оттука логично се поставуваат бројни прашања: На кој начин и по кои критериуми се утврдува потребата од мобилни претплатници? Дали постои механизам на контрола кој ќе истражи, анализира и алармира доколку се злоупотребат ваквите привилегии?
Левица ваквите трошоци ги оценува за непродуктивни кои се на штета на граѓаните, заради што сметаме дека истите треба неколкукратно да бидат намелени, особено ако се земе во предвид севкупната економска криза.

Поради ова, Левица ќе поднесе Иницијатива со цел да се преиспита нужноста и оправданоста од толкав голем број на мобилни претплатнички линии. Бараме ваквите и слични трошоци да бидат сведени на минимум.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КУМАНОВО
20.МАЈ.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ